Почнува 31. издание на „Скомрахи“ во Драмски

На факултетот за драмски уметности (ФДУ) пд 1-ви до 5-ти ноември ќе се одржат Скомрахи 2023, меѓународни средби на студенти од драмските академии. На Скомрахи 2023 прикажани 8 театарски претстави и 25 филмови на студенти од Романија, Србија, Полска, Хрватска, Косово, Албанија, Шпанија, Белгија, БиХ, Турција, Црна Гора, Чешка, Иран и Германија.

Богатата Програма вклучува и изложби, работилници, дискусии и предавањазаедно со препознатливиот СкомрахОФФмузичка програма и забави во бифето на ФДУ.

Како и во изминатите 31 година, средбите во целост се простор за креативноста, енергијата и пасијата на студентите – новите Скомраси. Како и во минатото, така и денес тие продолжуваат да размислуваат и создаваат со поглед и кон иднината, со сите нејзини предизвици. На oвогодишното издание акцентот го ставаат и на своите улоги во уметноста во новото време, што се одликува со се поголема улога на вештачката интелигенција.

Отворањето на Скомрахи е закажано за 1-ви ноември, во Драмскиот театар – Скопје, со краткиот филм „Тага“, во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“, во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на ФДУ. Влезот на Скомрахи 2023 е бесплатен.

Scroll to Top