Поларна мечка нападнала и усмртила две лица во сојузната држава Вејлс на западниот дел на полуостровот Сјуард на Алјаска. Полицајците добиле дојава во вторникот околу 14:30 часот дека диво животно убило жена и малолетно дете, пренесе Alaska News Source.
По инцидентот мечката ја убил еден од локалните жители. Според извештајот на полицијата, војниците и службите од одделението за риба и дивеч ќе отпатуваат за Вејлс кога временските услови ќе бидат поволони за да го истражат случајот.
Директорот на Одделението за јавна безбедност Остин Мекдданиел засега рече дека нема да се објавуваат подетални информации.