Бившиот политичар и бизнисмен од Нови Сад Срџан Егиќ, е уапсен поради сомнение дека во средата силувал 21 годишна девојка која наводно работи како фото модел за српска агенција за манекенки.
Наводно ја поканил кај него во стан да испијат кафе, а потоа ја нападнал.
„Како што изјави девојката, откако ја силувал успеала да му помогне и ги замолила луѓето на кои случајно наишла да повикаат полиција“, рече извор запознат со истрагата.
По направените гинеколошки прегледи, Егиќ се сомничи дека ѝ нанел повреди и дека ја присилил на сексуален однос. Девојката се подготвува да даде изјава и во обвинтелство и ќе биде третирана како заштитено лице. Егиќ е дипломиран политиколог за меѓународни односи, магистер и доктор по економски науки, а како што пренесуваат медиуми, неодамна и се развел. Има нова девојка со која често се појавува на јавни места.
Заработува од изнајмување на станови и преку платформата „Ер-би-ен-би“, а манекенката која го обвинила за силување, како што се сомнева, ја запознал преку фејсбук страница од агенцијата за која работи и дава консултантски услуги, односно организира курсеви за деловно образование и развој, со кои на клиентите им се овозможува полесно да најдат работа. Исто така работи и како директор на маркетинг за една странска компанија која се занимава со производство на јахти.
Егиќ е задржан 48 часа за кривично дело силување, а ќе биде и сослушан во Високото јавно обвинителство во Нови Сад.