Поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер, оди во затвор

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер во петок ја чека конечната пресуда во судскиот процес, во кој веројатно ќе заработи затворска казна, пренесоа германските медиуми.

Според пишувањето на некои од британските пак, познатиот германски тенисер, во средата бил снимен како во солзи се поздравува со неговата партнерка. Претходно пак цела недела ја помнал со синот и неговата поранешна сопруга.

За потсетување, на трикратниот шампион на Вимбелдон, му се заканува казна од седум години затвор, поради бројните долгови и затајување на данок. Поголем дел од богатството, околу 50 милиони евра, ги потрошил на трошоци за разводот од Барбара Бекер и за школување на децата.

Тој уште во 2017 година прогласи банкрот поради бројните долгови кон доверителите. Потоа морал да ги задолжи и трофеите кои ги освои низ кариерата, а беше обвинет и дека дел од нив намерно ги криел за да судот не му ги одземе.

Бекер му беше тренер на Ѓоковиќ од 2013 до 2016 година, а во кариерата успеа да освои три различни Гренд слема. Двапати го освои „Австралија опен“, трипати „Вимбелдон“ и еднаш „УС Опен“.

Scroll to Top