Португалија не ја одржа пробата на Евросонг откога член од делегацијата доби позитивен тест на корона

Членка од португалската евровизиска делегација е позитивна на корона и ќе мора да остане во изолација седум дена. Дека има коронавирус, било потврдено утрово при рутински тест во Торино. Другите членови на делегацијата засега се добро и не покажуваат никакви симптоми.

Во согласност со здравствениот и безбедносен протокол на Евросонг, сите тие направија уште еден ПЦР-тест по што се вратија во хотелот.

Според Протоколот за здравје и безбедност, кој е во сила за Евровизија 2022 година, остатокот од делегацијата не е обврзан да влезе во изолација или карантин, но според италијанскиот закон, мора да носат маски цело време додека се и на отворено и во затворено, освен во своите соби. Инаку, според правилата на Евровизија, сите членови од секоја делегација се тестираат на секои 72 часа.

Scroll to Top