Повеќе од 2.500 волонтери позираа голи на плажа во Сиднеј за кревање на свеста за ракот на кожа

Во раните утрински часови на плажата Бондај во Сиднеј повеќе од 2.500 волонтери позираа голи  за уметничко дело чија цел е кревање на свеста за ракот на кожа. Волонтерите почнале да се собираат на плажата во 3:30 часот за да земат учество во проектот, додека властите дале специјална дозвола за проектот, со што на оваа популарна плажа за првпат имало јавна голотија.

Инсталацијата е на американскиот уметник Спенсер Туник, кој преку ова дело сакал да ги охрабри Австралијанците да одат на редовни прегледи на кожата.

Според Светскиот фонд за истражување на ракот, Австралија е најпогодената земја од ракот на кожа. Се проценува дека околу 2.500 Австралијци годишно умираат од оваа болест.

Scroll to Top