Претставата „Не се клади на Енглези“ првпат се играше на знаковен јазик

Хит-претставата „Не се клади на Енглези“ вчеравечер првпат беше одиграна за глуви и наглуви лица. Ова несекојдневно доживување во Македонскиот народен театар го организираше агенцијата „Репресент“ за да одбележи пет години постоење и да ги вклучи лицата со попреченост.

Околу 300 луѓе ја погледнаа претставата, а за нив беа обезбедени професионални преведувачи на говорен јазик.

„Голема чест и задоволство е што Сојузот за глуви и наглуви лица во Македонија ја прифати нашата покана и што салата беше полна со луѓе, кои докажаа дека уметноста нема и не треба да има граници. Сакавме нашиот роденден да раскаже една поинаква приказна, да биде мотив за целото општество да размислува надвор од грубата рамка. Екипата на „Не се клади на Енглези“ ни овозможија хит претставата, што со години е на редовен репертоар, да ја адаптираме за сите да можат да ја видат и уживаат. Овој пат одлучивме на овие луѓе, кои речиси никогаш досега немале можност да погледнат добра театарска претстава, да им го овозможиме задоволството да уживаат во маестралната и шарматна глума на нашите познати актери Сашко Коцев, Александар Микиќ и Оливер Митковски“, рече Наташа Миркова од агенцијата Репресент.

 

 

Scroll to Top