Пробиштип набави две електрични машини за чистење од БРАКО – Градот инвестира во еколошко одржување на урбаната хигиена

Општина Пробиштип од октомври се придружи на големото семејство на општини и градови на светско ниво, кои ја одржуваат градската хигиена со возилата на БРАКО од линијата Грин Машинс.

 Набавени се две возила од електричниот модел 400 ze, лесни за управување, софистицирани и опремени со најсовремена технологија, тивки при работата, еколошки и исклучително ефикасни во градски средини.

 Стручниот тим од Грин Машинс ги обучи лицата од јавното комунално претпријатие кои ги презедоа машините и кои ќе ги оперираат, со што веднаш ќе можат да се видат ефектите од нивниот ангажман на улиците на Пробиштип.

 Ова возило е едно од најбараните од својата категорија во целиот свет, а развојниот инженерски тим во БРАКО и Грин Машинс го има иновирано и во него го има вградено најсовремениот систем за рециркулација на воздухот, со кој се зголемува вмукувачката моќ и се овозможува собирање и филтрација на правот и на најситните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.

 Моделот 400 ze e особено атрактивен затоа што овозможува прецизно рачно управување и со тоа лесна манипулација со возилото и пристигнување до тешко достапни локации, како и одржување на хигиена во тесни улички, пешачки патеки, паркови, трговски центри, аеродроми и други локации каде има голема фреквенција на луѓе и поставени апликации долж патот.

 

Scroll to Top