Професорка 20 години не одела на работа, а си земала плата

Професорка од средно училиште добила отказ откако било откриено дека во нејзината 24 годишна кариера, 20 години не одела на работа. Цинија Паолина Де Лио тврди дека вистината е на нејзина страна.

Таа која предавала литература и филозофија во училиште во Венеција и наводно користела комбинација од боледување и одмор, како и дозвола да присуствува на конференции, за да ги избегне предавањата. Некако успеала да ги избегне секојдневните обврски со децении.

Првично била отпуштена во 2017 година, но, откако се вратила на работа добила неколку поплаки за нејзиниот стил на настава. Медиумите во Италија пишуваат дека најмногу времето го поминувала гледајќи во мобилниот телефон и дека учениците ги учела работи кои воопшто не биле дел од наставната програма.

Минатата недела, врховниот суд на Италија ја укинала пресудата од 2018 година, велејќи дека по две децении отсуство од работа таа била трајна и апсолутна неспособна за работа. Медиумите пренесоа дека маратонскиот процес докажал колку е тешко да се отпушти вработен во јавна служба.

Судот ги сослушал жалбите на учениците кои сведочеа дека наставничката била слабо подготвена и дека на часот доаѓала без учебници, односно дека имала случаен и импровизиран начин на оценување на нивната работа.

Надлежната инспекција во пријавата навела дека некои студенти протестирале и одбивале да дојдат на нејзините часови. Увидот утврдил и дека таа била неподготвена и невнимателна додека предавала.

Де Лио рече дека ќе ја објави нејзината страна од приказната. Професорката која сега работи како новинарка изјавила дека со задоволство би ги споделила фактите, но не веднаш. Де Лио тврди дека има документи кои можат да ја докажат вистината.

Но, кога новинарите од „Италијанска Република“ се обиделе да дојдат до нејзина изјава и ја контактирале, таа не била расположена за разговор.

„Жал ми е, но јас сум на плажа во моментов. Не одговарам на новинарски прашања кои не соодветствуваат со вистината на мојата приказна“, им рече таа.

По завршувањето на последната судска постапка, Министерството за образование најави дека сè повеќе ќе се залага наставната дејност да се одвива со соодветно вештачење.

Scroll to Top