Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата сопруга Мери Перело за првпат станаа родители. Денес го добија синот Рафаело. Мери се породи во Палма де Маројка.
За потсетување,бременоста на Перело беше комплицирана и мораше да биде примена во болница уште во 31 недела каде брзо потоа беше оперирана. Рафал тогша се натпреваруваше на „УС Опен“, а по турнирот рече дека во животот има поважни работи од тенисто. Истото го повтори неодамна и во Лондон кога уште првиот ден го напушти „Лејвер купот“, каде се прости Роџер Федерер.
Шпанецот рече дека ќе размисли и да се пензионира кога ќе стане татко за да му се посвети на семејството.
Рафаел Надал е последниот од големата тениска тројка кој доби дете. Роџер Федерер ги има близнаците Мила и Шарлин и близнаците Лео и Лени, додека Новак Ѓоковиќ ги има Стефан и Тара.