Ракометен клуб од Мексико кој го носи името Вардар доаѓа во Скопје на обука

Ракометниот клуб од Мексико кој го носи името Вардар по македонскиот клуб, доаѓа во Скопје на обука кај најтрофејниот клуб. Ракометните успеси на Вардар се познати и во Европа, но и светот, па во Мексико веќе е формиран клуб со истото име. Вардар Мексико наскоро ќе се сретне со наш Вардар.

„Од 9 до 16 септември, ракометари и тренери од нашата академија ќе бидат во Скопје, каде ќе одржат тренинзи и подготвителни натпревари. Возбудени сме што ќе ја посетиме Македонија за првпат и ќе се сретнеме и ќе учиме за врвниот ракомет. Посебна благодарност за извршниот директор Борко Ристовски за поддршката која ни ја даде. Се гледаме во Македонија“, рекоа од „Вардар Мексико“.

 

Scroll to Top