Роботи прават пица во италијански ресторан во Њу Џерси

Во италијански ресторан во Њу Џерси, САД роботи прават пици. Овој угостителски потфат е дизајниран првенствено како ресторан кој ќе може да достави што е можно повеќе пици во најкус можен рок, исклучиво за достава.

Роботите најчесто прават сè сами, но сепак им требаат луѓе за да управуваат со нив.

Ресторанот по име PizzaHQ располага со машини кои се способни да направат повеќе од 300 пици за еден час, што е основната идеја на ресторанот. Роботите се вклучени во правењето пици за да може ресторанот да испорача голема нарачка за краток временски период.

Ресторанот PizzaHQ е отворен за да ги задоволи потребите на пазарот, роботите се идеални за нарачките кои пристигнуваат поради организирање забави и големи собири.

Самите роботи ставаат сос, сирење и различни состојки на пицата во зависност од видот на пицата што ја прават. Има и роботи кои го подготвуваат тестото, ја печат и сечат пицата. Целиот процес на правење пица трае помалку од една минута, се пече 7 минути, по што се пакува. Засега луѓето се занимаваат со пакување или сечење на пиците, иако не е исклучено и овој дел да го преземат машини. Сè уште се потребни луѓе за достава на пицата и за испорака.




		
		
			
Scroll to Top