Роналдо откри дека само на децата и куќата месечно троши 100.000 евра

Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо откри дека месечно за неговите деца и куќа одвојува и повеќе до 100.000 евра, пренесе Ekipa24.si.

Нивното шестчлено семејство наскоро ќе добие уште два нови члена, близнаци син и ќерка. Роналдо и Георгина веќе ги имаат ќерката Алана, близнаците Ева и Матео и најстариот син Кристијано Џуниор кој го роди сурогат мајка.

Роналдо со семејството живее во Велика Британија, каде игра за Манчестер јунајтед. Тој рече дека за децата и домаќинството месечно мора да одвои и повеќе од 100.000 евра, за да може да им обезбеди удобен живот.

Сепак, Роналдо само минатата година заработи преку 120 милиони евра, па така месечните трошоци за домот и семејството не му претставуваат преголем проблем.

Scroll to Top