Роналдо стана прв фудбалер во историјата кој дал гол на пет различни Мундијали

Кристијано Роналдо даде гол од пенал на натпреварот против Гана и со тоа стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на пет различни Светски првенства.

Португалскиот фудбалер постигна голови на Мундијалите во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.

Зад него на листата се Лионел Меси, Мирослав Клосе, Пеле и Уве Зелер, кои постигнале голови на четири различни мундијали. Меси игра на овој шампионат, па има шанси да го изедначи новиот рекорд на Роналдо.