Роверот на НАСА сними нешто што наликува на пердув на Марс

Роверот на НАСА, „Истрајност“ сними интересна фотографија со мистериозна појава предизвикана од сончевите зраци на Марс. „Истрајност“ ја направи необичната фотографија на 2 февруари, кога Сонцето заоѓаше зад мрачните облаци.

Роверот ги осветли облаците кои се напѓаа на невообичаено голема надморска височина во пригушени нијанси на зелена и розова боја. Научниците сметаат дека облаците биле составени од мраз, познат и како сув мраз. Повеќето се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз, пишува Business Insider.

Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат тоа обично се случува околу Марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.

Scroll to Top