Русите тренираат делфини што треба да го штитат Севастопол на Крим

Русија тренира делфини кои треба да го штитат Севастопол на Крим. Ова го тврдат од американскиот морнарички институт USNI, од каде велат дека распоредиле морнарички делфини на крајбрежјето во пристаништето Севастопол на Крим.

USNI на основа на сателитските снимки заклучи дека делфините ја промениле локацијата на почетокот на руската инвазаија на Украина за да ја заштитат оваа морнаричка база.

Севастопол е најзначајното руско крајбрежје во Црното море и се наоѓа надвор од домет на украинските проектили, но е загрозено од подводна инфилтрација и подморнички акции.

Инаку и американската и руската морнарица тренира делфини за подводни анти-нуркачки операции и воена помош во море. Во близина на крејбрежјето на Норвешка во 2019 година бил пронајден кит со руски појас, за кого се сметале дека побегнал од руската морнаричка програма.

Американските морнарички програми за морските цицачи, тврдат дека делфините можат да бидат обучени да му помагаат на безбедносниот персонал во откривањето и апсењето на неовластени пливачи и нуркачи кои би можеле да се обидат да им наштетат на морнарите, бродовите или пристанишните објекти.

Според сателитските снимки од 2018 година, Русија, делфинтие од црноморската флота ги има распоредено во близина на пристаништето Тартус во Сирија. Освен тоа, различни видови на морски цицачи, Русија дресира и на подрачјето на Арктикот.

 

Scroll to Top