Руски хакери ќе го оневозможат гласањето на Евровизија за да спречат поддршка на Украина

Хакерската група Килнет поддржана од Путин објави дека ќе ги хакира серверите за гласање на Евровизија преку Интернет за да спречи поддршка за Украинците.

Украинските претставници на оркестарот Калуш се најголемите фаворити за победа на овогодинешниот Евросонг.

На апликацијата Телеграм го објавија логото на Евровизија со порака: „Не можете да гласате онлајн. Можеби нашиот DDOS напад е виновен“.

– Секоја година, системот за гласање за Евровизија има широк спектар на безбедносни мерки за заштита на публиката од надворешни влијанија. Оваа година не е ништо поразлично – изјави портпаролот на Евровизија.

Да потсетиме, неодамна проруски хакери нападнаа веб-страници на неколку италијански институции, вклучително и Сенатот, објави во средата новинската агенција АНСА.

Scroll to Top