Себастијан Фетел возеше 100 години стар тркачки автомобил Астон Мартин

Германскиот возач на формула 1, Себастијан Фетел, го возеше тркачкиот автомобил на Астон Мартин, ТТ1, стар 100 години. Фетел, кој вози за Ф1 тимот на Астон Мартин, го возеше тркачкиот болид стар еден век, на патеката Пол Рикар во Франција, каде што викендов се одржува трката од Ф1 шампионатот.

Фетел го возеше TT1 како дел од прославата на 100-годишнината на автомобилот. Овој Астон Мартин има 1,5-литарски мотор кој развива 55 КС, а самото возило тежи само 750 килограми. TT1 е за 45 килограми полесен од актуелниот Ф1 болид на тимот, AMR22. Максималната брзина му била 137км/час.

Во времето кога TT1 се користеше за трки, тркачките автомобили имаа две седишта, едно за возачот и едно за механичарот. Задачата на механичарот била да го одржува притисокот во системот за гориво со помош на рачна пумпа и да ги поправи проблемите што може да се појават за време на трката.

Своето деби го имаше на Француското ГП на 16 јули 1922 година, а колата тогаш ја возел грофот Луис Зборовски, кој инвестирал 10.000 фунти во развојот на нов четирицилиндричен мотор од 16 V. Поради проблеми со моторот, Зборовски ја прекинал трката по 19 круга, а победник бил Феличе Назаро кој возел FIAT 804.

Scroll to Top