Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН

Трета година по ред компанијата НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ја организира кампањата “ЗАОКРУЖИ СМЕТКА” така што им овозможува на своите потрошувачи на лесен, брз и едноставен начин да можат да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа.

Во наредните три месеци од 01 октомври до 31 декември секој купувач ќе може да се приклучи во семејството поддржувачи на СОС Детско село – ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира со износ по свој избор во рамките на сметката.

Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за потребата за поддршка на децата од оваа ранлива група и да се поттикне индивидуалното донаторство – секој граѓанин да има можност индивидуално да делува и да допридонесе  за сигурна иднина на децата без родителска грижа.

ЗАОКРУЖИ СМЕТКА ВО НЕПТУН И ДОНИРАЈ ЗА СИГУРНА ИДНИНА НА МЛАДИТЕ БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

ПР текст

Scroll to Top