Селекторот Манчини откри зошто си замина од Италија пред натпреварот со Македонија

Роберто Манчини откри зошто си замина од селекторското место на италијанската репрезентација и тоа во моментите пред натпреварот со Македонија. Манчини доби голем број критики за ваквата одлука, а некои од медиумите шпекулираа дека си заминал заради богатата понуда од шеиците во Саудиска Арабија.

Манчини објасни дека одлуката да си замине била негова и дека немала врска со каква било понуда од Саудиска Арабија.

„Италија за мене секогаш беше приоритет. Сепак, мислам дека не сме на иста страна со управата на Фудбалскиот сојуз. Тоа е одлука која ја донесов со голема тага затоа што ми беше важна репрезентацијата. Ако сакаа, можеа да ме задржат. Меѓутоа мислам дека требаше да заминам порано“, рече Манчини.

Италија во моментов бараат нов тренер, а меѓу најсериозните кандидати се Антонио Конте, кој веќе ја предводеше репрезентацијата и тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри.

Scroll to Top