Семејството со кое живеел го исфрлиле од дома, а кога му тргна во кариерата го молеле да им се врати, животната приказна на фудбалерот Кевин де Бројне

Иако од раните денови покажал талент за фудбал, многумина стравувале дека поради неговиот необичен карактер и повлеченост нема да успее да го искористи целосно потенцијалот. Но, сепак белгискиот фудбалер Кевин де Бројне, стана главен играч во Манчестер Сити.

Тој е еден од најдобрите фудбалери и во репрезентацијата на Белгија и во светот. Синоќа одигра одличен натпревар против Реал Мадрид во Лига шампиони, по што беше избран и за играч на натпреварот. Ако Манчестер Сити го освои пехарот, фановите сметаат дека Де Бројне ќе биде најзаслужен за тоа.

Но, неговиот пат до успехот не бил лесен за него. Како дете бил повлечен и тврдоглав. Пораснал во неприкосновен мајстор на средниот ред, но тоа не се случило преку ноќ. Имал тешко детство, живеел со мајка му и сестра му, но уште на 14 години си заминал од дома.

Тимот на Генк му дал понуда која не можел да ја одбие. Сепак мајка му била таа која не сакала да ја остави работата и да се преселат во друг град. Виситната е дека и додека живееле заедно, често патувала, па повеќе време Бројне бил сам отколку со семејството.

Од клубот Генк го сместиле прво во интернат, а потоа му нашле згрижувачко семејство. Сепак работите не тргнале како што планирал. Кевин за еден од празниците кога си дошол дома, доживеал шок. Неговото згриживачко семејство го исфриле на суров и болен начин.

„Ни рекоа дека те избркале затоа што си бил премногу тивок и комплициран. Не можат да стапат во контакт со тебе и не те сакаат повеќе”, му рекла тогаш мајка му.

И самиот Де Бројно рече дека му паднало тешко и дека тој период од животот бил еден од најтешките.

„Бев во шок. Ми беше многу тшеко. Тоа семејство никогаш не ми ги кажа тие работи во лице. Ако ми ги кажеше, немаше тоа да биде проблем за мене. Седев во мојата соба и на никого не му сметав. Ме поздравуваа кога си одев како сè да е во ред. Тогаш од кубот ми рекоа дека повеќе не сакале да ме видат“, рече Де Бројне во едно од неговите интервјуа.

„Најмногу ме погоди тоа што на мајка ми ѝ кажале дека ме избркале затоа што сум бил таков каков што сум бил. Тоа го примив многу лично“, рече фудбалерот.

Малку фалело ситуацијата со згрижувачкото семејство му го уништи и фудбалскиот пат. Од клубот биле убедени дека проблемот бил во него и повеќе не сакале да плаќаат друго семејство да се грижи за него. Го префрлиле во друга екипа и уште тоаш станал неважен во клубот. Но, Де Бројне не се предаде. Неправдата која ја доживеал го мотивирала уште толку и тренирал и работел уште повеќе.

„Тренирав како луд. Имаше толку жар во мене. Бев луд. Се сеќавам на натпреварите кои ме променија. Влегував во второто полувреме и целиот тој бес излезе од мене. Постигнав на еден натпревар пет гола“, рече Белгиецот.

Неколку месеци подоцна бил промовиран во првиот тим и од тогаш почнува неговиот неверојатен фудбалски прогрес. Кога сватиле дека испуштиле златна кокошка, жената од згрижувачкото семејство го молела за прошка, но веќе било доцна.

„Ми пријде жената од истото тоа семејство и ми рече дека ме сака назад. Ми се насмеа и ми рече да се вратам. Мене не ми беше смешно, па и реков: ‘Ме исфривте како ѓубре, а сега кога ми тргна ме сакаш назад? Тоа што ме шутнавте само ми даде сила“, ѝ одговорил Де Бројне.

Со одличните игри во Генк, фудбалерот привлече големо внимание кај скаутите и во 2012 година заврши во големиот тим на Челзи. Но, во Лондон не се снајде. Не успеа да најде заеднички јазик со Жозе Мурињо кој го испрати на позајмица, за по неколку одлични сезони во Вердер и Волфсбур заврши во Манчестер Сити за 55 милиони евра.

Со тренерот Пеп Гвардиола најдоа заеднички јазик и оттогаш го покажа својот неверојатен талент. Со фантастичниот гол на синоќешниот натпревар против Реал Мадрид, Де Бројне му се одмазди на неговиот колега во репрезентацијата, Тибо Куртоа, кој пред десет години спиел со девојка му.

„Мојата бивша девојка често патуваше во Мадрид, затоа што од порано се познаваше со Куртоа. Дојде моментот да ме изневери. Му реков во лице дека знам дека спиел со неа и оттгаш имаме само професионален однос. Не сме повеќе најдобри другари, но сме океј. Селекторот ме праша дали сакам Куртоа да биде отстранет од репрезентацијата, но јас му реков не. И покрај сите работи што се случија, тој е добар голман и потребен ѝ е на Белгија“, рече Де Бројне.

Неговата верзија на приказната ја откри и неговата бивша девојка.

„Во летото 2012 година, Кевин ми рече дека имал афера со мојата најдобра другарка и јас му реков да избере меѓу мене и неа. Бев подготвена да му дадам втора шанса, но нашата врска не беше повеќе иста како до тогаш“, рече Керолајн која објасни дека неговите родители ја натерале да молчи за тоа, затоа што во спротивно ќе ја тужел.

Потоа раскажа што се случило со Куртоа.

„Тогаш заминав во Мадрид, за да му вратам мило за драго. Тој мислеше дека моето патување е одлична идеја, но тогаш се случи нешто што не смееше. Таа вечер, Тибо ми даде нешто што не сум го добила во три години врска со Кевин. Со Тибо можев да зборувам за сè и сешто. Ми подготви и вечера, нешто што Кевин никогаш го немаше направено за мене. Кевин прв ме изневери, па си реков зошто и јас не му го направам истото“, рече Керолајн.

Денеска Де Бројне е во среќен брак со Мишел Лакрои со која има и три деца. За потсетување, двајцата се венчаа во 2017 година.

Scroll to Top