Школа за диџејство за млади во Скопје

„Бруталиск“  во соработка со Арт Бригада и познати диџеи и музички педагози ова лето на младите во Скопје им нуди прилика низ забава да учат за клабингот и диџите, да користат диџеј опрема и софтвер и да научат да изведуваат и продуцираат електронска музика и хип-хоп.

Школата за диџејство има за цел стекнување на едукативно, практично знаење за диџејството преку интерактивна, практична настава и сеопфатен пристап кон разработка на предвидените теми.

Конципирана е во 10 работни средби во временски период од две недели, со фиксен термин од 14 и 17 часот секој работен ден. Една работна средба трае три саати со предвивена една пауза од 30 минути.

Часот е организиран така што освен теоретското предавање на содржините предвидени во курикулумот, предвидува и практично работење и вежбање на добиените знаења и вештини поврзани со диџејството.

На крајот од школата на 01.09.2023 ќе се одржи вечерен настан во Бруталиск каде учесниците пред публика ќе ги покажат стекнатите вештини.

 

Scroll to Top