Швајцарското село Албинен на семејства им нуди 50.000 евра за да се преселат во планинаската долина

Швајцарското село Албинен на семејствата им нуди 50.000 евра и повеќе само за да се преселат во неверојатното село во планинската долина. Доколку се борите со трошоците за живот, едно швајцарско село може да го има решението за вас.

„Прекрасната област се наоѓа на планинска падина на 1.300 метри надморска височина. Нејзините традиционални планински куќи гледаат надолу кон огромната околина со снежно бели врвови“, пишува „Дејли мејл“.

На малото село веќе некое време му се заканува исчезнување, бидејќи сè поголем број жители се иселуваат од руралната живописна заедница во корист на околните градови.

На крајот на 2020 година во селото живееле само 243 жители. Сепак, со планот дизајниран во 2018 година, сите се надеваат дека ќе го спречат тој тренд.

И покрај тоа што е атрактивно село, одалечено 6,8 километри од бањскиот град Леукербад и на 35 минути возење од кантоналниот главен град Сион и индустрискиот град Висп, градот се испразни со текот на годините поради недостаток на работни места. Семејствата ќе добијат по 25.000 евра за секој возрасен и уште 10.000 илјади евраѕа секое дете.

Примамлива е понудата од 50.000 евра за преселба на едно од најубавите места во светот, но има еден услов.

За да го спречи празнењето на градот, Албинен бара луѓе помлади од 45 години за живот на ова идилично место. Од вас се бара и да живеете во селото 10 години.

Scroll to Top