Сите Јужнокорејци со закон од денеска станаа помлади за една до две години

Денеска во Јужна Кореја стапо на сила новиот закон со кои се заменуваат двата традиционални система на броењето на години со меѓународни стандарди. Со новиот закон, денес сите Јужнокорејци станаа помлади за една до две години.

Според еден систем, Јужнокорејците имаа една година со самото раѓање зашто се броеше и времето поминато во стомакот, а со другиот систем, автоматски стануваа постари за една година на 1 јануари, наместо на сопствените родендени.

Законот беше важен дел од ланската предизборна кампања на претседателот Јун Сук Јеол, кој тврдеше дека традиционалните системи предизвикувале непотребни социјални и економски трошоци.

На пример, се јавувале проблеми со исплатите за осигурување и при утврдувањето подобност за владини социјални програми. Досега, најкористениот метод на броење години во Кореја беше „системот на корејска возраст“, со кој личноста се раѓа со една година и на 1 јануари добива година плус.

Ова значи дека дете родено на 31 декември би имало две години наредниот ден. Со другиот систем, личноста се раѓа со нула години и секој 1 јануари станува постара за една година.

Така ако некој е роден на 29 јуни 2003 има 19 години според меѓународниот систем, 20 според едниот и 21 година според другиот традиционален метод.

Scroll to Top