Скопје танцов театар летово ќе настапи на фестивал во Верона со „Леди Мегбет“

Танчарите на Скопје танцов театар ќе гостуваат на Фестивалот на Шекспир во Верона од 24 до 31 август и ќе настапат со претставата „Леди Магбет“, правена по кореографија на Рисима Рисимкин.

Фестивалот слави 75 години постоење и на неговите сцени досега гостувале реномирани продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчари и кореографи.

Рисимкин и Скопје танцов театар ќе бидат дел од Шекспир фринге програмата, која ќе се одржи на крајот на август.

Скопје танцовиот театар изминатиот период настапуваше на светските сцени во Њујорк, Париз, Пекинг, Хаг, Амстердам и други поголеми центри на културата и добива одлични критики.

Scroll to Top