Србинката Ивана Вулета е светска шампионка во скок во далечина

Најдобрата српска атлетичарка Ивана Вулета ја освои титулата светска шампионка во скок во далечина. Славеше на Светското првенство во Будимпешта со скок од 7,14 метри.

Ивана постигна нов српски рекорд на отворено и најдобар скок во светот сезонава. Скокот го изведе во петтата серија, по што го зацврсти водството што го имаше од втората серија, кога скокна 7,05.

Ова е трет медал за Ивана на светските првенства на отворено. Освои и две бронзени медали во 2013 година во Москва и во 2015 година во Пекинг. На светските првенства во сала, Ивана има две злата во Бирмингем 2018 и Белград 2022, едно сребро во Портланд 2016 и една бронза во Сопот 2014.

На Европското првенство на отворено има две злата во Амстердам 2016 и Минхен 2022, како и едно сребро во Цирих 2014. На Европското првенство во сала има три злата во Прага 2015, Белград 2017, Глазгов 2019 и бронза во Истанбул 2023. На Олимписките игри освои бронза во Рио во 2016 година.

Scroll to Top