Српски инфлуенсер му ја исполни желбата на болниот татко, го однесе на Светско во Катар

Марко Маријоковиќ српски инфлуенсер му ја исполни желбата на неговиот болен татко да оди на Светското првенство во Катар.

Марко е многу популарен на Инстаграм, со видеата и авантурите со неговото семејството, особено со баба му Драгица. Покрај убавите, Марко не се двоуми да ги сподели и помалку убавите моменти од својот живот за да докаже дека животот не е Инстаграм, и дека е далеку од совршен.

„Три дена до натпреварот Србија – Бразил: Тато едвај стои на нозе. Пристигнуваме на консултации и не информираат дека тато ќе мора да оди во болница на зрачење. Во тој момент не го прифатив фактот дека неговата желба нема да се оствари, а уште помалку дека ја губиме оваа војна. Се осмелив да ги замолам лекарите да го однесам на Мундијалот, дури и ако треба на раце да го носам до стадион“, раскажува Марко.

Докторката се насмевна и му рече на тато ми дека може да оди во Катар, а кога ќе се врати да им раскаже како поминал, стои во емотивната порака што Марко ја напиша под објавата на Инстаграм.

„И еве сме. Успеавме. На татко ми му се исполни детската желба, но и желбата на сите нас. Не се откажувајте кога имате чувство во стомакот дека нешто навистина може да функционира. Понекогаш тоа нешто е и самиот живот“, напишал Марко.

Scroll to Top