Стивен Сигал одликуван со орден за пријателство од рускиот претседател Владимир Путин

Американскиот актер Стивен Сигал денеска беше одликуван со Орден за пријателство од рускиот претседател Владимир Путин.

„Стивен Фредерик Сигал (70) е награден за неговиот голем придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“, стои во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.

Стивен Сигал во ноември 2016 година доби руско државјанство, со декрет потпишан од Путин.

Дедото од таткото на актерот, протагонист на акциони филмови, е роден во Русија, а потоа се преселил во САД во првата половина на 20 век. Во потрага по корени, Сигал отпатувал во Калмикија, Тува и Јакутија. Во август 2018 година, тој стана специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Русија и САД.

Scroll to Top