Светската популација ќе достигне 8 милијарди, Индија ќе ја престигне Кина

Светската популација би требало да достигне 8 милијарди луѓе до 15 ноември, е наведено во проекцијата на Одделението на Обединетите нации за економски и социјални прашања. Исто така се предвидува дека до 2023 година, Индија ќе стане најмногубројна земја.

„Додека го очекуваме раѓањето на осумилијардитиот жител на Земјата, треба да се потсетиме на нашата поделена одговорност да водиме сметка за нашата ланета и за момент да размислиме за точките каде сè уште не ги почитуваме превземените обврски за еден кон друг“, е наведено во соопштението на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Ова, како што додаде тој, е исто така можност да се прослави нашата различност, да се препознае нашата заедничка човечност и да се восхитуваме на напредокот на здравствената заштита што го продолжува животниот век и значително ја намалува стапката на смртност на мајките и децата.

Според прогнозата на Обедниетите нации, светската популација ќе расте побавно од 1950 година, а популацијата би можела да достигне 8,5 милјиарди до 2030 година и 9,7 милијарди до 2050 година. Врвот се очекува да биде во 2080 година, кога светската популација ќе достигне до 10,4 милијарди луѓе, а се очекува тоа да се задржи до 2100 година.

Иако е забележан јасен пад на плодноста во неколку развиени земји, повеќе од половина од очекуваниот пораст на населението во наредните децении ќе биде концентриран во осум земји и тоа, Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

 

Scroll to Top