„Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа

Фестивалите „Таксират“ и „Д Фестивал“ се номинирани на престижните „Европски фестивалски награди“, најзначајното признание за музичките настани во Европа. Двата фестивала се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа, откри организаторот „Пасворд продукција“.

Зимскиот „Таксират“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затворен простор“, а „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно.

По номинацијата, за изборот на победниците главниот збор го има милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали.

Прогласувањето на победниците ќе биде на 18 јануари 2023 година, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија. За конечните победници во секоја од категориите, се одлучува според гласовите од публиката, но и стручното жири кое го сочинуваат истакнати личности од светската музичка индустрија.

Scroll to Top