Тапанарот Драган Теодосиев ќе добие награда од „Скопски џез фестивал“ за најдобар млад македонски џез музичар

Џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев ќе ја добие традиционалната наградата за најдобар млад македонски џез музичар на Скопскиот џез фестивал.

Теодосиев е присутен на македонската музичка сцена веќе две децении, а своето музичко образоваие го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други.

Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Анверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија.

Наградата на Теодосиев ќе му биде врачена в петок, во МКЦ, пред настапот на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопје џез фестивал.

Scroll to Top