Трофејот од Евровизија продаден за да се купат дронови за украинската војска

Евровзиските победници „Калуш оркестра“ од Украина го продадоа трофејот што го освоија на Евровизија за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за украинската војска.

Инаку аукцијата за кристалниот микрофон била направена на Фејсбук.

„Калуш оркестра“ на Фејсбук им се заблагодарија на своите фанови, што донирале пари на аукцијата.

„Посебно се благодарни на тимот на Whitebit кој го купи кристалниот микрофон за 900.000 долари и станаа сопственици трофејот“, напишаа од групата.

Од „Калуш оркестра“ кажаа дека парите ќе бидат искористени за да се купат три дрона „ПД-2“ од украинско производство.

Песната со која победија на Евровизија „Стефаниа“ беше напишана за мајакта на Псјук член на бендот, но со почетокот на војната во Украина стиховите асоцираат на состојбата во Укриаина.

Scroll to Top