Цеца, Аца Лукас, Теа Таировиќ, светски познати диџеи и македонски изведувачи: Кој се каде ќе пее ова лето низ Македонија

Со почетокот на летото започнаа концертите во нашата земја, манифестации и културни лета кои ќе привлечат туристи во градовите ширум земјата.

На 8. јули во Аква Парк Пробиштип, концерт ќе има српскaта ѕвезда Аца Лукас.

Додека на Ракометното игралиште во Битола на 8. јули концерт ќе има Ацо Пејовиќ, а како предгрупа ќе биде македонската пејачка Ивона Јо со бендот. Концерт Пејовиќ има и во Охрид на 29. јули на Стадионот Билјанини извори.

Во Кратово овој викенд, 7. и 8. јули ќе се одржи манифестацијата „Златни денови“ на која ќе настпат македонски изведувачи.

Благица Павловска, Горан и Ленче Кукиќ, Ламбе Алабакоски, Суперкис се дел од изведувачите кои ќе настапат на манифестацијата „Златни денови Каратово 2023“ која ќе се одржи од 7. до 8. јули.

Фестивалот започнува во петок, на 7. јули во 20 часот, со Мераклиите од Мерак Меана како Јордан Митев кој на фестивалската сцена ќе ја промовира својата нова песна и спотот за истата кој е снимен токму во Кратово. Потоа Благица Павловска, Елена Андоновска, Горан и Ленче Кукиќ, Елена Јовческа, Душко Георгиевски, а сите придружувани од оркестарот на Мерак Меана, Скопски Боеми и Браќата Нуне.

Во сабота, на 8. јули,  ќе настапат Ламбе Алабакоски, Нокаут, Суперхикс, Некст Тајм и ДиЏеј Ерик Фокс.

Водителка на манифестацијата ќе биде Лила Филиповска.

Светлана Ражнатовиќ Цеца летово ќе има неколку настапи во Македонија. На 15-ти јули ќе настапи на Мандра Фестивал во Дојран, а на 19-ти во Битола.

На фестивалот во Дојран, кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти јули, покрај Цеца ќе настапат и Жаре Бербер, Слаткар, Девито, диџеј Здравко и Два Бона. Локацијата е на паркингот Гранит, а влезниците се по цена од 600 денари.

На 21.јули на Ракометното игралиште во Битола концерт ќе има српската ѕвезда Теа Таировиќ.

На 30. јули на Горица 3 – Немо Бич во Охрид доаѓа еден од најголемите диџеи на сите времиња, двократниот број еден светски диџеј Пол Ван Дајк. Ова нема да биде прв настап на овој германски диџеј на македонска територија, а за потребите на овој спектакл ќе биде поставена бина по светски стандарди, надополнета со посебни ефекти, врвно озвучување и уникатно осветлување, кое е карактеристично за настапите на Пол Ван Дајк.

На 31. јули во Охрид на Антички театар концерт ќе има српската рок група Рибља Чорба.

Меѓу настаните со кои ќе се одбележат 120 години Илинден е и настапот на Дерик Меј на брегот на Преспанското Езеро на 2 август.

Журката  на плажата Дупени ќе биде мал фестивал, бидејќи покрај Дерик Меј, ќе настапат и Алекс Есид, Дејан Декс, Фирма, Маци Стојановиќ, Монго и Омару, Стојче, Томи Бојаџи и браќата Узун. Цена на влезниците е 250 денари, а на денот на журката ќе бидат 350 и 500 денари.

Настанот го организира екипата од „Сектор 909“ и „Излет“.

Од 31. јули до 4. август на брегот на Охридското езеро ќе се одржи „Охрид Колинг“, кој оваа година ќе трае пет ден.

Ден 1 – 31 јули:
Интернационалната суперѕвезда Џонас Блу ќе ја загрее публиката со својот наелектризиран настап. Нему му се придружуваат неверојатните Мартин Хоргер, Песто, Доменико Талеса и Јана Слеј, кои гарантираат експлозивен почеток на „Охрид колинг“ 2023.

Ден 2 – 1 август:
Подгответе се за епско патување со звуци со легендарниот Мортен кој го зазема централното место. Ѕвездите во подем Волпак, Скиј, Џордан Џон и Деловски го делат центарот на вниманието, кои ветуваат незаборавна вечер под ѕвездите.

Ден 3 – 2 август:
Подгответе се за ноќ на чиста магија додека Стив Аоки ја краси сцената, маѓепсувајќи ја публиката со својот неспоредлив талент. Нему ќе му се придружат сензационалните Саливан Кинг, Диволи Марквард и диџеј Бабура.

Ден 4 – 3 август:
Го имаме неспоредливиот Салваторе Ганачи, кој ќе ве остави без здив со својата извонредна изведба. Вечерта ќе ги прикаже и „Регард“ кои се на врвот на топ листите и експлозивната енергија на кирилица, Инвизтоц, Тасев.

Ден 5 – 4 август:
Подгответе се за воодушевувачки додаток на поставата на „Охрид колинг“ 2023.Возбудени сме што можеме да објавиме дека реномираната техно кралица Амели Ленс ќе ни се придружи за незаборавен настап на овој последен ден од фестивалот. Подгответе се да танцувате на заразните ритам и хипнотизирачките звуци на еден од најдинамичните диџеи во светот.

 

Scroll to Top