Цвеќиња, свеќи и емотивни пораки за Тина Тарнер, преплавена беше и нејзината ѕвезда на патеката на славните

Фановите се собираат пред портите на домот на Тина Тарнер во Куснахт во близина на Цирих откако синоќа беше објавено дека славната пејачка починала.

Обожавателите ширум светот се збогуваат со неа, а пред нејзината куќа има безброј свеќи, цвеќиња и нејзини слики, а на ѕидот од нејзината капија беше оставена порака: Мислам дека е во ред што се појавив рано денеска. Ти благодарам и збогум Тина, едноставно беше најдобра.

Кралицата на рокенролот почина на 83 години по долго боледување , потврди нејзината портпаролка. Кралицата на рокенролот во текот на животот трпеше малтретирање, трагични животни ситуации и безброј проблеми, но на сцената секогаш се појавуваше со карактеристична насмевка по која ќе остене запаметена.

 

Scroll to Top