Маж од Јужна Кореја е уапсен затоа што ги изгладнувал повеќе од 1000 кучиња кои ги чувал во неговата куќа. Кучињата кој биле најдени кај него биле во лоша состојба. Полицијата излегла на терен по пријава на едно лице кое случајно поминало покрај неговата куќа, барајќи го неговото куче кое го изгубил.
Наведено е дека осомничениот маж кој бил во шеесетите години се правдаше дека прво лечел напуштени кучињата пред да ги пушти да умрат од глад.
Портпаролот на групата Care која се грижи за правата на животните, рече дека мажот е обвинет за кршење на законот за заштита на животните, затоа што престанал да се грижи за кучињата за мизерни суми.
Според Korea Herald, кучињата ги заклучувал и изгладнувал до смрт. Активистите рекоа дека на лице место затекнале голем број лешеви од животните, пренесе „Мирор“. Некои од животните кои преживеале, имаат сериозни здравствени проблеми.
Јужнокорејците имаат околу шест милиони кучиња за домашни миленици и 2,6 милиони мачки. Преку границата во Северна Кореја, луксузен ресторан за печено месо е изграден во ексклузивната област Пјонгјанг, по одобрението на Ким Џонг Ун, кој се залагал за поздрава исхрана.