Училиште во Турција ќе го носи името Македонија поради помошта за време на земјотресите

Училиште во Турција ќе го носи името Македонија, откако земјата се солидализираше и помогна во катастфоралните земјотреси кои годинава во февруари ја потресоа земјата и регионот околу Сирија. Убавата вест ја објавија од Црвениот крст на Македонија.

Земјата се сплоти и му помогна најмногу што може на настраданото население. Помошта и солидарноста на македонските граѓани не беше заборавена од турската влада која во договор со Црвениот крст одлучи собраните средства да ги намени за новото училиште во Малатија, кое ќе го носи името Македонија.

32-те училници во него ќе ги носат имињата на македонските градови.

„Овој акт ќе остави траен белег и е доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција“, напишаа тие.

Scroll to Top