„Улаф сте?“ е првата претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица

„Улаф сте?“ е првата професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик, во режија на Јован Ристовски.

Тој пред две години ја имаше премиерата на „ТРИ“ првата детска театарска претстава на знаковен јазик.

Претставата „Улаф сте?“ ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива група.

„Пред година и пол неколку глуви возрасни лица во Охрид после гостувањето на детската претстава „ТРИ“ на знаковен јазик – ме замолија да направам претстава на знаковен јазик за возрасни, бидејќи никогаш не гледале театар на нивниот мајчин знаковен јазик. Хуманизмот и емпатичноста не се само добри карактеристики на човештвото, тие се претворија во моја лична мисија. Претставата освен глуви лица можат да ја гледаат и останата публика и за прв пат да уживаат во една сосема поинаква театарска сензација“, вели режисерот Јован Ристовски.

Премиерата на филмот е закажана за на 16-ти јуни во Центарот за култура – Битола, а претставата е поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Scroll to Top