Уште еден тинејџер почина од опасен предизвик кој се шири на „Тик-ток“

Во Шкотска почина 14 годишниот Леон Браун поради опасен предизвик кој се шири на Тик ток. Мајка му Лорин го нашла мртов во спалната соба и рече дека починал сакајќи да го проба предизвикот со онесвестување. Го нашла мртов на 25 август.

Таа објасни дека подоцна дознала дека учествувал во опасниот предизвик од кој претходно и 12 годишниот Арчи Батерби доживеал фатална повреда на мозокот. Подоцна повредата довела до негова смрт.

„Еден од неговите пријатели ми рече дека заедно работеле на предизвикот на „Фејстајм“, откако претходно го виделе на ‘Тик ток’“, рече Лорин за „Дејли Рекорд“.

„Мојот Леон сакаше да биде тој кој прв ќе го проба. Тој и неговите пријатели веројатно мислеле дека тоа ќе биде смешно и забавно. Едно од децата со кој беше на „Фејстајм“, ми рече што направил. Ми рече дека мислеле дека ќе се разбуди. Но, Леон не се разбуди. Работите тргнаа по зло“, рече Лорин.

„Слушнав за овој предизвик од она што му се случи на Арчи. Но, едноставно не очекувате дека вашето дете ќе помисли да направи такво нешто. Предупредете ги вашите деца дека овие онлајн предизвици не се вредни за нивните животи. Тие не се вредни ни за лајкови“, додаде таа.

Таа зборуваше за син ѝ дека бил популарен тинејџер и добар ученик во средно школо.

„Беше најсреќното, најдуховното момче. Беше забавен и сакаше да ги смее луѓето. Сè му беше на шега. Беше и по малку безобразно момче. Но, многу ми значеше“, додаде таа.

Трагедијата се случи само неколку недели откако претходно и Арчи почина од овој предизвик. Арчи почина на 6 август, а мајка му Холи Денс го пронашла без свест во неговиот дом во Есекс во април годинава.

Момчето се здобило со катастрофална повреда на мозокот ѝ беше ставен на апарати за одржување на живот. Почина откако неговото семејство ја изгуби правната битка да се продолжи лечењето кое го одржуваше во живот.

Од „Тик ток“ рекоа дека вовеле мерки за да ги спречат корисниците да споделуваат видеа од ваков тип и дека пребарувањето термини со лажно онесвестување, одсега ги води корисниците во безбедносниот центар во апликацијата.

Корисниците исто така можат да ги пријават сите видео снимки кои содржат графички содржини. „Тик ток“ исто така ги избриша видеата со предизциви од платформата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauryn Keating (@lauryn.keating)

Scroll to Top