Уште една ноќ заедно, напиша ќерката на Пеле на фотографија каде го гушка татко ѝ додека тој лежи на болнички кревет

Ќерката на бразилскиот фудбалер Пеле објави фотографија од нејзиниот татко во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

„Продолжуваме да бидеме тука, во борба и верба. Уште една ноќ заедно“, напиша Кели Насименто.

На фотографијата се гледа како таа го гушка татко ѝ додека тој лежи на болнички кревет.

82-годишниот Пеле на 29 ноември беше примен во болница поради респираторна инфекција и повторна евалуација на хемотерапискиот третман за рак на дебелото црево, идентификуван во септември 2021 година, се вели во соопштението на болницата.

Од болницата оваа недела велат дека здравјето на Пеле се влошило и дека сега ќе му треба поголема грижа поради прогресијата на ракот.

Scroll to Top