Вардарци седнаа на тревата во знак на револт за лошото судење

Фудбалерите на Вардар пред вчерачниот натпревар против Тетекс седнаа на теренот и на тој начин го изразија својот револт кон лошото судење на арбитрите.

Тие седнаа на тревата и чекаа една минута. На тој начин велат дека сакаат да го изразат својот револт за сето она што се случуваше на натпреварот против Гостивар, но и на уште неколку други натпревари.

За потсетување, најтрофејниот македонски клуб Вардар во изминатиот период беше „жртва“ на лоша арбитража на судиите. По поразот од Гостивар од тренерската позиција си замина Никола Глигоров, а на негово место дојде Бобан Грнчаров.

Фото/Спорт1.мк

Scroll to Top