Весна Бејби и Игор Џамбазов ќе ја спасуваат планетата, шоуто „Агенда 21“ на нова телевизија

Втората сезона на едукативното еколошко телевизиско шоу, „Агенда 21“ ќе се емитува на нова фрекфенција. Веќе проверената екипа предводена од актерите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, заедно со младите Кристијан Ѓоргиев и Јована Миладинова, на забавен начин ќе презентираат нови факти и ќе разменуваат мислења за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени, електронскиот отпад и батерииите.

dobivaj vesti na viber

Премиерното емитување на втората сезона е на 3-ти декември, на ТВ 24, со почеток во 20:45 часот, а репризите ќе бидат во недела од 15:15 часот и понеделник од 23:20 часот. „Оваа телевизиска емисија ја правиме за да ги поттикнеме гледачите и граѓаните да размислуваат и да делуваат позитивно кон природата, бидејќи грижата за животната средина е на многу ниско ниво. Искуството на терен од минатата сезона, а и од оваа ни покажа колку нашата држава изобилува со диви депонии и ѓубре, а токму тие депонии го загадуваат воздухот и почвата.“ – кажа Весна Петрушевска.

„Агенда 21“ за прв пат започна да се емитува лани со реализирани 10 емисии, а оваа година продолжува со истото темпо, нови 10 емисии посветени на климатските промени, глобалното затоплување и уништувањето на природата од страна на човекот. Голема благодарност до Нула отпад, Пакомак и Ладна кои го поддржаа овој проект, ни изјави Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

„Еколошкото шоу „Агенда 21“ е во продукција на КМК. Овој проект има големата тежина бидејќи токму ние луѓето сме највиновни за уништувањето на животната средина, а само човекот може да го промени тоа.“ вели Игор Џамбазов.

Scroll to Top