Италијанскиот пејач, писател и музички продуцент сними албум со божиќни песни заедно со неговиот син Матео и ќерката Вирџинија.
Албумот е насловен „Семеен Божиќ“ составен од традиционални песни аранжирани за три гласови и нови оригинални песни, вклучувајќи ја и „Најголемиот подарок“, која веќе има над три милиони прегледи на Јутјуб од нејзината премиера на 11-ти октомври.
За најновиот сингл „Фелиз Навидат“ Бочели има снимено и видео, во карактеристична божиќна атмосфера.
Албумот на Бочели со неговите деца официјално беше објавен на 21 -ви октомври на „Decca/Capitol Records“.
Празничниот албум го следи огромниот успех на божиќниот концерт „Believe in“ на Андреа Бочели, емитуван низ целиот свет поради карантинот во 2020-та година.