(Видео) Демонстранти кои се залагаат за зелена животна средина упаднаа и го прекинаа мечот на Вимблдон

Во средата попладнето, додека играа Бугаринот Григор Димитров и Шо Шимабукуру, неколку демонстранти од групата Just Stop Oil кои се залагаат за зелена животна средина и се борат против употреба на фосилни горива, упаднаа на теренот.

Фрлија портокалови конфети и делови од сложувалка, по што за брзо реагираа редарите и полицијата. Претходно беше прекинат и мечот од првото коло кога играше британската тенисерка број 1 Кети Болтер.

Scroll to Top