(Видео) Девојче продава крофни за да заработи за лекувањето на татко ѝ

Единаесетгодишната Нина Никовиќ од Нови Сад, продава крофни на улица за да заработи пари за лекувањето на татко ѝ. Таа ги продавала крофните по цела од 100 динари, но на почетокот никој не сакал да купи. Мајка ѝ Наташа рече дека луѓето почнале да купуваат кога дознале за што се работи.

„Прво никој не сакаше да купи, но сега се чекаат редици. Почувствувавме емпатија и се уверивме дека има добри и прекрасни луѓе. Верувајте, малку ни се по 100 крофни на ден, бидејќи побарувачката е голема. Има и такви кои плаќаат и повеќе од 100 динари за крофна. Ни бараат да им испратиме и по пошта“, рече Наташа.

На татко ѝ на Наташа, Зоран Нинковиќ, му е потребна операција на окото во Москва. Тој  го изгубил видот во 2016 година поради аблација на ретината. Во 2022 година, повторно му се појавила и сега може да го изгуби и другото око. Освен што може целосно да ослепи, има ризик и да го изгуби животот.

 

Scroll to Top