(Видео) Другари од ЈНА се сретнаа по 33 години

Воен поздрав, прегратки и солзи имало на железничката станица во Словенија, каде Словенецот, Јошко Бен го пречека својот другар од ЈНА. Пријателите од војска не се виделе 33 години, од почетокот на распадот на поранешната држава.

„Живи сме, нели“, го праша Јошко поранешниот поручник.

„Преживеани“, одговори тој и додаде „да продолжиме понатаму“.

Веднаш пристигнаа понуди за кафе, ракија и пиво, но на Салих прво му требаше пура. Целата средба ја снимила идната тогашна сопруга на Јошко, а ја споделил на Фејсбук групата „Најди другари од поранешна ЈНА“.

„Денес е мојата свадба, од лево кон десно сум јас. Јошко Бен, во средина,  поручник Салих Авдиќ и напаѓачот Ацо Крстевски. Не сме се виделе 33 години, а денес моите пријатели дојдоа на мојата свадба“, напиша Јошко, малку на српски, малку на словенечки.

Дека војничките пријателства се нешто посебно во животот на секој човек најдобро покажува оваа група во која речиси 300.000 поранешни војници на ЈНА се обидуваат да ги најдат своите соборци од војската.

Таму се споделуваат фотографии од касарните од Вардар до Триглав, кои споделуваат спомени од заедничките собири, тренинзи, обврски, а особено војнички грав, култно јадење кое никој досега не успеал да го подготви како во војска.

Scroll to Top