(Видео) Фудбалер не сакаше да се поздрави со противникот пред почетокот на натпреварот

Капитенот на Феенорд, турскиот фудбалер Оркун Кокчу, не сакаше да се поздрави со неговиот колега од спротивната страна, капитенот на Ајакс, Србинот Душан Тадиќ пред почетокот на натпреварот во холандското првенство. Кокчу не сакаше да му подаде рака па Тадиќ се најде во непријатна ситуација.

Кога двајцата дојдоа на центарот, кај главниот судија Дани Макелија, Турчинот се однесуваше како Тадиќ да не постои. Не го погледна ни во очи и беше рамнодушен кон целата ситуација. Причината е капитенската лента, односно кампањата на Весли Снајдер против Тадиќ.

На средината на февруари, Снајдер го обвини Тадиќ дека намерно не сакал да ја ности капитенската лента во знак на поддршка на граѓаните на Турција и Сирија по силните земјотреси кои ги погодија овие две земји. Иако политиката на клубот е да не се носи поинаква капитенска лента, Снајдер ја искористи можноста да го стави Тадиќ на столбот на срамот.

„Ајакс е единствениот кој немаше лента? Мислам дека тоа беше посебен случај. Таков голем клуб мораше да се вклучи во кампањата. Мораш да покажеш поддршка и не разбирам зошто не го направија тоа“, рече Снајдер. Кокчу застана на страната на Снајдер па оттука и неговата реакција пред почетокот на натпреварот меѓу Ајакс и Феенорд.

Scroll to Top