Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Торино, откако во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 7:5 и 6:3 во сетови. Во публиката имаше поддршка и од Македонија, а по победата тенисерот им се заблагодари на навивачите и на поддршката која стигна од Македонија.
За потсетување, Ѓоковиќ по 6-ти пат го освои завршниот турнир повторувајќи го рекордот на Роџер Федерер. Стана и најстариот шампион освојувајќи ја титулата на 35 години. Остана непоразен на турнирот, заработувајќи 4,74 милиони долари.