(Видео) Ирански пејачи ја преработија „Прауд“ од Тамара за да ги поддржат жените во Иран

Иранските музичари Иман и Аидин Тавасоли ја препеаја евровизиската пресна „Прауд“ на Тамара Тодевска. Тие преработката ја објавија на Инстаграм и велат дека песната е за сите девојчиња и жени во нивната земја. Видеото има околу 50 илјади лајкови, но и неколку стотина коментари со поддршка за иранските жени.

За потсетување, во Иран илјадници луѓе секојдневно протестираат поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор. Таа три дена беше во кома откако беше уапсена од иранската полиција за морал поради тоа што несоодветно го врзала хиџабот, под кој ѝ се гледал прамен од косата. Сега во знак на револт, жените се потстрижуваат и ги палат хиџабите на улиците во Иран, а бројот на загинати и уапсени секојдневно се зголемува.

Во поддршка на жените од Иран се вклучија и многу јавни личности, меѓу кои и актерката Жилијет Бинош која јавно отсече прамен од косата во знак на протест, а истото среде концерт го направи и турската пејачка Мелек Мосо.

Scroll to Top