(Видео) Јапонски навивачи го исчистија ѓубрето на трибините што го оставија фановите на Катар и Еквадор

Јапонски навивачи го исчистија ѓубрето на трибините на стадионот „Ал Баит“ што го оставија фановите на репрезентациите на Катар и Еквадор на Светското првенство во фудбал.

Сите беа изненадени, особено Катарците, кои кога ги прашаа Јапонците зошто го прават добија одговор дека Јапонците никогаш не оставаат ѓубре, па дури и ако тоа не е нивно.

За потсетување, првиот натпревар на Мундијалот меѓу Катар и Еквадор заврши со победа на јужноамериканскиот тим со 2:0.

Scroll to Top