(Видео) Кај село Бродец на Шара мечка скокна во Пена за да го спаси мечето

Видео на кое мајка-мечка скока во реката Пена кај село Бродец на Шара да го спаси мечето од брзите води на реката се појави на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како мечката најпрвин во потрага по мечето ја преминува реката од едната, а потоа и од другата страна. За околу една минута се појавува мечето кое го носи брзата вода, а мечката скока по него во обид да го спаси. Реката ги носи по надолу по течението, но од густата шума не може да се види каков е исходот.

Во меѓувреме, се појавува уште една мечка. Додека трае спасувањето на мечето се слушаат мечкини завивања.

Scroll to Top